Зекири: ДУИ има агенда која е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ отколку до нас

1114

Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зеќири, изјавил дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се координират веќе извесен период.

Тој додаде дека партијата на Али Ахмети и на Христијан Мицкоски се плашат од промена на изборниот модел, и затоа решиле преку амандманите да ја блокираат работата на Собранието.

– Координацијата меѓу ВМРО и ДУИ трае веќе подолго време. За ова сум предупредил и порано, додека ова денес е само потврда дека тие имаат агенда која е поблиска до ВМРО-ДПМНЕ, отколку до нас, иако заедно сме во власт – рекол Зекири.

– Јас не сфаќам кој е стравот на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во Македонија да има само една изборна единица. Второ, не сфаќам зошто се против на листите 50% да бидат жени и трето зошто се против да има отворени листи – изјави Зекири за Лајм.

Според него, ова покажува дека тие немаат кадри, не се спремни и имаат страв да им овозможат на граѓаните да гласаат за конкретни имиња.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ денеска во Собранието поднесоа речиси 6.000 амандмани на предлог – измените на Изборниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...