Зекири до муфтиите: Наместо да го осудите говорот на омраза на Реџепи, продолжувате да му служите на „ѓаволот”

1494

Почитувани муфтии воопшто не ме изненадува што неместо да го осудите говорот на омраза од страна на Резил улема Сулејман Реџепи продолжувате слепо да му служите на “ѓаволот”, им пиша на Фејсбук пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири на муфтиите кои застанале во одбрана на Реисот.

– Наместо да се охрабрите, вие мене ми се заканувате дека ќе сте ми ја поништиле дипломата 🙂… Да не е смешно би било трагично …
Место да поништувате почнете да размислувате да создадете бар нешто по што би ве памтеле граѓаните и верниците муслимани. Вака ако продолжите секако ќе ве памтата како луѓе што сте служеле на ЗЛОТО.
Јас пред се сум граѓанин на РСМ и верник а потоа пратеник избран од граѓаните на РСМ и НИКОГАШ нема да ги тргнам рацете и нема да престанам да се борам против ЗЛОТО и во ИВЗ на кое вие продолжувате слепо да му служите!!!

П.С Проблемите со кои вие се соочувате со години а не успевате да ги решите уште еднаш покажува зошто е крајно време да си заминете од ова институција. Замислете проблемите не успеа да ви ги реши ниту оној бегалецон во Будимпешта за кој вашиот поглавар Реџепи го повика Алах да го благослови – напиша Зеќири.

Поглаварот на ИВЗ неодамна на поставувањето на камен темелник на џамијата во скопското село Арнакија изрече навреди за македонскиот народ,  кој го нарече див и дека затоа нема идентитет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...