Зекири: Во СДСМ се уште не е разговарано за одлуката на Врховниот суд за СЈО

168

Во СДСМ се уште не е разговарано за одлуката на Врховниот суд со која на СЈО му се одзема правото на водење предистражни и истражни дејствија кои проилегуваат од незаконски прислушуваните материјали, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од оваа партија, Мухамед Зекири.

– Има многу разногласија во однос на тоа дали Врховниот суд има компетенции врз основа на тоа што го донесе како одлука вчера. Секако ќе ги искористиме сите правни механизми за да се види дали таа одлука што е донесена е согласно нивните овластувања или не – рече Зекири на новинарско прашање на прес-конференција во македонското Собрание.

Врховниот суд на Република Македонија вчера на седница донесе одлука според која Специјалното јавно обвинителство не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, а се однесуваат на случаи кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите по истекот на рокот од 18 месеци од приемот на материјалите.

– Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, се наведува во правното мислење објавено на веб страницата на Врховниот суд на РМ по одржаната општа седница

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...