Вината е индивидуална, ако некој се огреши треба да одговара, Јанева сите ги разочара, таа доби поддршка и од власта и од опозицијата, изјави пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ, по седницата на Комисијата за избори и именувања која денеска едногласно предложи Јанева да биде разрешена поради незаконско, нестручно и несовесно работење.
Тој вели дека очекува и на пленарната седница сите пратеници да гласаат едногласно за разрешувањето на Јанева. Зекири изрази жалење затоа што седницата не беше отворена, но изрази надеж дека наскоро шпекулациите што излегоа во јавноста ќе бидат расчистени.
– Не треба да бидеме загрижени дека во извештајот има многу нешто што јавноста не ги знае. Очекувам маглата да биде расчистена наскоро со почеток на судската постапка – рече Зекири додавајќи дека не жали што дал поддршка за СЈО.