Зегин ќе додели помош од 20.000 евра на семејствата на трагично загинатите

Зегин нуди дополнителна помош ставајќи им го на располагање целиот потенцијал на Зегин во лекови и поликлинички услуги од својата поликлиника Зегин Медика.

326

По тешката сообраќајна несреќа којашто се случи вчера на патот Скопје – Тетово,  Компанијата Зегин ќе додели еднократна помош во износ од 20.000 евра на семејствата на трагично загинатите патници.

Во овие тешки мигови на повредените, како и на семејствата на повредените и починатите патници, Зегин нуди дополнителна помош ставајќи им го на располагање целиот потенцијал на Зегин во лекови и поликлинички услуги од својата поликлиника Зегин Медика.

Сочувствувајќи со болката на семејствата на загинатите и повредени, Зегин ги повикува семејствата да се обратат за помош во нашата компанија. Компанијата Зегин им изразува сочувство на семејствата на загинатите патници и поскоро закрепнување на повредените лица.

За подетални информации, обратете се на контакт 02 3241600 и 078 206-087 mail:info@zegin.com.mk

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...