Во јануари 2018 година основано е Здружение на граѓани корисници на лифтови и друштва во Македонија од граѓани чија основна цел е зголемување на свеста за значењето на користењето на лифтовите, како и зголемување на безбедноста на граѓаните при нивното користење.
„Сведоци сме на фактот дека во голем дел на објекти лифтовите кои се користат се дотрајани и стари и по повеќе од 20 години, а нивната замена или поправка претставува особен товар за куќните совети во станбените згради, со оглед на тоа што истото подразбира големи финансиски издатоци, а од друга страна новите лифтови се со особено слаб квалитет и прилично небезбедни за користење“, се наведува во соопштението на Здружението.
Здружението ќе соработува со органи, тела и институции, како на национално, така и на меѓународно ниво, а со цел да обезбеди пари за замена или поправка на дотрајаните лифтови, како и зголемување на квалитетот на новите лифтови кои се произведуваат и вградуваат, а со помош на донации и проекти.
Здружението ќе се потруди да ги едуцира граѓаните и да ги запознае со начинот на функционирање на сервисните куќи и инспекциските тела за лифтови и за нивните права и обврски.