Здружение на судии: Да се најде системско решение за плати и додатоци на судиите

293

Согласно Законот и другите подзаконски акти, Судско-буџетскиот совет бил должен да врши исплата на додатоците на плата и за преостанатите месеци од кога се стапени во сила актите, се наведува во соопштението од Здружението на судиите на Република Македонија.

Од тие причини, Работната група формирана со заклучок на Собранието на Здружението на судиите на РМ, смета дека судиите своите права за заостанатите месеци можат да ги остварат преку поднесување на тужби.

Во однос на платите пак се предлагаат соодветни измени на Законот за измена и дополнување на Законот за платите на судиите (Сл.Весник 97/2010), кои се однесуваат на основицата за пресметување на плата на судиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...