Здружението Член 16 објави електронска публикација за борбата против корупцијата во медиумите

Публикацијата ги содржи сите продукти од неколкумесечното истражување и е документ достапен за сите. Можете да го преземете во ПДФ формат и слободно да го користите за сопствените потреби.

166

Проектот на Здружението Член 16, насловен како „Лидери во борба против корупцијата – развивање иновативни алатки за борба против корупцијата во медиумите во Република Македонија“, заврши. Проектниот тим подготви и на порталот Плусинфо и во дневниот весник „Слободен печат“ веќе објави две обемни анализи на состојбите на ова поле, од кои втората, за Македонија, предизвика голем интерес.

Врз основа на објавените анализи и реакциите во јавноста, Истражувачкиот тим на Здружението Член 16 подготви неколку иновативни алатки, со цел да им помогне на новинарите, уредништвата, другите медиумски работници, синдикалните организации и членовите на новинарските здруженија и на сопствениците на медиумите и менаџерите, како и на сите други субјекти кои имаат објективни податоци за состојбите во медиумите, да ја проценат личната подложност на корупциски притисоци, но и отпорноста на новинарските колективи. За таа цел, драфтиравме Персонален тест на интегритет (проверка на личната подложност на корупциски проитисоци) и Тест за проценка на ризици на редакција за подложност на корупција.

Развивме и алатка наречена Нулта толеранција сценарија за отпорност и за реакција на редакција во случаи на корупциски притисоци и корупциско поведение. Целта на оваа алатка е да го организира менаџирањето на кризните ситуации и да ги дефинира улогите на актерите, со цел да се зајакнат капацитетите на новинарите и на редакциите за борба против корупцијата во нивните редови.

И конечно, тргнувајќи од проценката дека постои јасно изразена волја на членови на новинарската заедница јавно да ја декларираат својата посветеност на политиката на нулта толеранција на корупцијата во медиумите, подготвивме еден таков текст под наслов „Јас велам – НЕ!“.

Сите наведени продукти, резултат на неколкумесечниот ангажман на Истражувачкиот тим на Здружението Член 16, се содржани во електронска ПДФ публикација, која е достапна за сите.

ПУБЛИКАЦИЈАТА ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА ТУКА

Elektronska publikacija na Clen 16

Фото: Pixabay.com

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...