Здравство: Уништен е турски инсулин од стокови резерви, нема нов тендер

Во 2018 година се донесоа измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства. Оттогаш, сите лекови во нашата држава се со сертификат за квалитет. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз, велат од Министерството.

308

Уништен е турски инсулин од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати, реагира Министерството за здравство на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека е уништен здрав инсулин.

– ВМРО-ДПМНЕ знаеле за тоа и должни се да одговорат зошто си играле со здравјето на пациентите? – констатираат од Министерството за здравство.

Оттаму тврдат дека нов тендер за набавка на инсулини нема, затоа што за тендерот од 2018 година веќе се склучени договорите.

– Количините од стоковите резерви не се никако поврзани со количините за тендер. Воведени се три нови типови на инсулин, кои се најнова генерација на лекови – оригинални, со сертификат за квалитет и не се од паралелен увоз. Сега граѓани примаат оригинални инсулини. Не е како порано, да примаат инсулин без проверен ладен ланец и без оригинал сертификати. Во 2018 година се донесоа измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства. Оттогаш, сите лекови во нашата држава се со сертификат за квалитет. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз – велат од Министерството.

Претходната Влада, наведуваат од Министерството, им го скрати буџетот на пациентите со дијабетес.

– Во 2016 година буџетот за оваа ставка изнесувал 730 милиони денари, а 2017 година го намалиле и изнесувал 562 милиони денари. За 2020 година, предвидено е да изнесува 750 милиони денари. Зошто покрај инсулините од паралелен увоз го намаливте и буџетот? Тоа не е вистинска грижа за пациентите! – велат од Министерството за здравство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...