Здравствените картички ќе се укинуваат

3641

Здравствените институции работат на ново решение за документ што треба да го поседуваат граѓаните при добивање лекарски услуги. Картичките, чие времетраење е поминато, се вон функција, но и оние што се уште имаат рок, лекарите не ги бараат, па граѓаните ги остваруваат лекарските услуги со старите книшки. Ниту Министерството за здравство ниту Фондот не го навестуваат можното решение.

– Формирана е работна група со претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравство, единицата за електронско здравство и Факултетот за компјутерски науки, која изготви предлог за континуирано обезбедување на електронски услуги во здравствениот систем. Анализирани се процесите каде треба да се користи сегашната електронска здравствена картичка и дигиталниот сертификат. Во согласност со собраните информации, работната група подготви краткорочни и долгорочни решенија за надминување на проблемот со користењето на здравствените услуги – велат од Министерството за здравство за „Алсат“.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...