Министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Асим Муса денеска го посетија Здравствениот дом Гостивар каде беа информирани за тековните активности во оваа здравствена установа со цел подобрување на условите за третман на пациентите и унапредување на статусот на здравствените работници.
Од страна на вработените, како што информира ресорното Министерство, било поздравено зголемувањето на платите во здравството, односно пет процентното зголемување во септември лани и новото покачување на платите во јануари годинава.
Од Министерството посочуваат дека Здравствениот дом во Гостивар е еден од 34-те јавни здравствени установи во државата за кои во моментов преку Електронскиот систем за јавни набавки има постапка за реновирање на здравствените установи.
Во последните две години, во оваа здравствена установа има седум вработувања, а набавени се и две возила за службите и стоматолошки столици. Во овој период, над 136.948 пациенти побарале услуги од оваа здравствена установа.