Грчите медиуми објави видео од почетокот на средбата помеѓу премиерите Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис, како и македонската и грчката делегација во Њујорк.
Ова е прва средба на двајцата премиери, а од видеото може да се слушне и разговорот помеѓу нив, во кои двајцата премиери прво ги претставуваат министрите кои ги придружуваат.
Понатаму во разговорот, Заев на почетокот му посакува успех на Мицотакис со новата Влада, а грчкиот колега му се заблагодарува и кажува дека планираат цвртиот мандат да го искористат за промени во Грција, пред сѐ, за економски напредок.
Тие разговараат на англиски јазик, а дел од разговорот можете да го погледете во видеото.