Зградата на Општина Шуто Оризари ќе стане енергетски ефикасна

59

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска имаше средба со градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, со кого разговараше за поддршката што општината ја доби од Планот за чист воздух во вредност од 1,5 милиони денари.

Како што соопштија од владината прес-служба, во Општина Шуто Оризари, предвидените мерки од Планот за чист воздух ќе опфатат промена на старите прозорци и врати во зградата на Општината, со цел да се подобри енергетската ефикасност на објектот, со што ќе се овозможи заштеда на топлинска енергија, како и заштеда на општинските буџетски средства. Поддршката за реализација на оваа мерка е во вредност од еден милион денари.

Дополнително од Планот за чист воздух се издвоени и 500 илјади денари за хортикултурно уредување и реконструкција на дворната површина со зелена површина во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид”. Со оваа активност ќе се засадат плодородни дрвја, како бадем, лешник, дуња, како и зимзелени садници, украсни грмушки, со комплетен систем за одржување, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...