Зголемувањето на воениот буџет во Кина помало од минатогодишното

49

Кина денеска соопшти дека за 7,5 проценти ќе го зголеми својот буџет за одбраната за оваа година и ќе изнесува 177,6 милијарди долари, а со цел модернизација на опремата и проширување на воената присутност во странство.

Зголемувањето на одбранбениот буџет е помало од минатогодишното, кое изнесуваше околу 8,1 отсто, со оглед на тоа дека кинеската економија се наоѓа под притисок на трговска војна со САД и раст на државниот долг.

Кинескиот одбранбен буџет, втор по големина во светот, се уште се смета за само дел од американскиот воен буџет од 750 милијарди долари годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...