Зголемен е бројот на пациенти со мултипла склероза на третман со иновативната терапија Ocrelizumab

Од Министерството додаваат дека со примањето на иновативните лекови може да се контролира прогресијата на болеста, а првпат во јавното здравство обезбедена е и посебна просторија каде овие пациенти со соодветен медицински надзор ја примаат инфузионата терапија.

342

Министерството за здравство, денеска соопшти дека лани повеќекратко е зголемен бројот на пациенти од мултипла скрелоза кои се на третман со иновативната терапија Ocrelizumab, и тоа од девет пациенти кои минатата година беа на третман со оваа терапија, сега истата ја примаат вкупно 43 пациенти со оваа дијагноза.

Како што соопшти Министерството денеска, моментално се лекуваат 534 пациенти што е зголемување за 47 отсто наспроти пред две години (362). Исто така за 263 отсто е зголемена и достапноста на високоефикасните лекови за истиот период, 109 наспроти 30 пациенти.

Од Министерството додаваат дека со примањето на иновативните лекови може да се контролира прогресијата на болеста, а првпат во јавното здравство обезбедена е и посебна просторија каде овие пациенти со соодветен медицински надзор ја примаат инфузионата терапија.

Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Тоа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...