Зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, Брегалница кај Берово и Штип и на Црна река кај Новаци во однос на просекот за ноември, соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Значително е намалено нивото на Сатеска кај Ботун, а помал водостој е измерен и на Вардар кај Велес и Демир Капија, Крива Река кај Крива Паланка, Црн Дрим кај Ложани.
Водостојот на Дојранското, Охридското и на Преспанското Езеро е во рамки на ноемврискиот просек.