Зголемени нивоата на Дојранското и Охридското езеро

102

Нивото на Дојранското Езеро е 13 сантиметри над максималниот водостој, а на Охридското Езеро е четири сантиметри над максимумот, покажуваат најновите хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Кај реките скоро двојно е зголемен водостојот на Вардар кај Велес и кај Зајчев Рид, на Црна Река кај Новаци и на Треска кај Македонски Брод. Намалување на нивото во споредба со просекот за јули има само кај Црн Дрим кај Ложани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...