Згодниот брат на Кејт Мидлтон се сврши со Французинка ФОТО

Тешкиот период е дефинитивно зад него земајќи предвид дека се сврши со Французинката со која е во љубовна врска веќе некое време.

481

По една година врска, се сврши бизнисменот Џејмс Мидлтон (32), братот на Кејт и Пипа Мидлтон. Згодниот Џејмс се пофали на Инстаграм дека се свршил со својата девојка, финансиски експерт Ализе Тевенет (29).

Џејмс е во врска со Французинката од лани кога се запознале во едно кафуле во Лондон.

Џејмс Мидлтон преживеа многу тежок период.

Тој една година водеше тешка битка со депресијата поради која не можеше да ги извршува ниту обичните секојдневни активности, ниту, пак, да комуницира со најблиските.

Како што пренесуваат британските медиуми, помошта ја пронашол кога ги земал кучињата за кои почнал да се грижи.

Сега тешкиот период е дефинитивно зад него земајќи предвид дека се сврши со Французинката со која е во љубовна врска веќе некое време.

Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...