Зверев со пресврт го совлада Фриц

73

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во третото коло на тенискиот Гренд слем турнир во Вимблдон, откако во продoлжението го совлада Американецот Тејлор Фриц со 3:2 во сетови.

Натпреварот меѓу Зверев и Фриц вкупно траеше три часа и 16 минути, а синоќа пред прекинот германскиот тенисер губеше со 1:2 во сетови.

Но, на денешното продолжение Зверев направи целосен пресврт и извојува победа од 3:2.

– Играв подобро од вчера… Мислам дека денеска играв на моето највисоко ниво – истакна германскиот тенисер.

Тој во третото коло ќе се соочи со Ернест Гулбис од Летонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...