Зверев: Се наоѓам во дупка

282

Светскиот тенисер бр.3, Александар Зверев призна дека во моментов неговата игра и самодоверба се наоѓаат во сериозна криза. 22-годишниот Германец, кој ја заврши 2018-та, освојувајќи го финалето на АТП, допушти изненадувачки рани порази во Индијан Велс, Мајами, Маракеш и Монте Карло.

Во Барселона оваа негативна серија продолжи со пораз уште на стартот од „среќниот губитник“ – Николас Џари.

– Едноставно играв лошо. Не е тајна. Во дупка сум. Мојот тенис беше на многу ниско ниво. Повеќето поени кои ги освоив, беа од негови неизнудени грешки. Не можев да правам агресивни удари, правев двојни грешки – рече Зверев пред новинарите во каталонската престолнина.

Во наредните недели Зверев треба да брани многу поени и макар и да не е сигурен како ќе го сопре трендот, свесен е дека сето тоа е дел од професионалниот тенис.

– Доживувам порази, особено на земја, какви што не сум имал неколку години. Но, ако ги прашате Рафа или Роџер, тие ќе ви кажат дека поминале низ истото, нормално е, заврши тенисерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...