За 8 Март ќе ја слушнеме за првпат евровизиската песна „You“

219

Во недела, на 8 Март, во Дневникот 2 на МТВ, во 20 часот, ќе биде промовирана евровизиската песна „You“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, Холандија. Потоа песната со видео спот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски јутуб канал (https://www.youtube.com/user/eurovision).

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка, која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

Видео записот е сниман во кафе барот „Churchill“ позади трговскиот центар Мавровка во Скопје.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...