За 600.000 евра откупил предмети на Хитлер и им ги подарил на Евреите

319

Бизнисменот Абдалах Шатила, Либанец кој со децении живее во Швајцарија, денеска соопшти дека откупил шапка на Адолф Хитлер и други нацистички предмети, како што изјави „за да не паднат во раце на неонацистите и за да ги подари на Еврејската организација“.

– Немам никаков директен интерес, само мислев дека тоа е правилно нешто да се направи – рече Шатила.

Либанецот, инаку христијанин, минатата седмица на аукција во Минхен платил 600.000 евра за артефактите, со намера да ги уништи откако една еврејска група се огласи дека е против продажбата.

Наместо тоа, непосредно пред наддавањето, разговарал со претставникот на организацијата, Керен Хајесод и одлучил да им ги подари.

Европското еврејско здружение го поздрави неговиот „врвен чин на доброта, великодушност и солидарност“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...