За 35 отсто од Бугарите пивото е дел од здравиот начин на живот

164
ФОТО: Pexels

За дури една третина, т.е. 35 отсто од Бугарите, пиењето пиво е дел од здравиот начин на живот, посочува анкета на Сојузот на пиварници на Бугарија.

Просечно, еден жител на Бугарија консумира пиво 8-9 пати месечно, а 52 отсто – најмалку еднаш седмично. Најактивните консумери се на возраст од 30 до 49 години.

На европско ниво, производството на пиво во ЕУ надминува 400 милиони хектолитри, во над 10.000 пиварници според годишниот статистички извештај на Пиварите во Европа (Brewers of Europe). Во таа смисла, Германија е на прво место, а Полска годинава ја истисна Велика Британија на третото место.

Според бугарското здружение, нашиот источен сосед е на 16-то место, пред Хрватска и Словачка.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...