Владата ја усвои информацијата и ја утврди потребата од покачување на платите на вработените во Јавните научни установи (ЈНУ) во Македонија за 25 отсто и за исплата на минат труд, и ги задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко општество и администрација, заедно со директорите на ЈНУ да ги усогласат правните основи за реализација на оваа одлука.
Почнувајќи со исплатата на платата за октомври 2019 година, 210 научни работници и вработени во 7 научни институти во земјата ќе добијат повисоки плати за 25 отсто.