За 10 секунди, сопственик на златара во Мајами остана без 74.000 долари (ВИДЕО)

857

Опуштен разговор на сопственик на златара во Мајами со колега одеднаш се претворил во кошмар. Од автомобил излегло маскирано лице и со пиштол го натерало богатиот трговец да ги извади прстенот и часовникот од раката, пренесува „Курир.рс“.

Сето тоа се случило во времетраење од околу десетина секунди. Лицето повторно се вратило во автомобилот, без да земе нешто и од златарата.

Сепак, се чини дека тоа знаело што прави, бидејќи вредноста на часовникот била околу 60.000, а прстенот 14.000 долари.

 

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...