За 1.000 денари зголемен посебниот додаток за лица со посебни потреби

167

Со одлука на Влада денеска се донесени измени и дополнувања на Законот за заштита на децата. Со измените е предвидено зголемување на корисниците на право на посебен додаток за дете со специфични потреби коешто има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години. Освен зголемувањето на сумата за посебен додаток овие лица ќе бидат и здравствено осигурани, ако не се осигурани согласно со Закон, соопшти Министерството за труд и соцојала.

Предложените измени и дополнувања на Законот за заштита на децата ги содржи следниве решенија:

Износот на утврдената висина на правото на посебен додаток со Законот за заштита на децата се зголемува од 4.202 денари на 5.021 денари. Исто така самохраните родители коишто имаат дете со специфични потреби со пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години наместо досегашните 6.303 денари ќе добиваат сума од 7.351 денар. За материјално необезбедени родители, кои се корисници на социјална помош и постојана парична помош, а коишто имаат дете со специфична потреба до 26 години додатокот се зголемува од 5.252,50 денари на 6.276 денари.

Овие измени се само дел од стратегијата на Министерството за труд и социјална политика за подобрување на финасиската состојба и условите за живот на најранливите групи на граѓани.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...