Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев смета дека е потребен ветинг во судството за да се отстранат сите сомнежи за чесноста на судиите.
– На ветингот гледам позитивно и немам никаков проблем со тоа. Сметам дека е потребно да се направи ветинг и во судството, со цел да се отстранат сите сомнежи по однос на чесноста на судиите – изјави денеска Џолев.
На прашање како го коментира обвинувањето од опозицијата дека „сваровски“ судството се претвори во „луј витон“ судство, Џолев вели дека воопшто не му се допаѓаат такви изјави од страна на политичари и смета дека се невкусни и неумесни.