За Џафери казната за знамето треба да е поблага, за играорецот Господ на Албанците им го дал Охрид

2841

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека косовскиот играорец Ѓерг Прекоцај, кој вчера развеа огромно албанско знаме на охридската тврдина добил престрога казна.

Тој  во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека поставувачите на албанското знаме во Охрид се културно уметнички работници и поради тоа како што вели,  казната требало да биде поблага.

Прекоцај пак, во интервју за агенција ИНА, вели дека знамето го поставил на албанска земја.

– Знамето на Албанија го поставивме на исто место каде што било во времето на Скендербег, кога тој ги бранел албанските земји – вели Прекоцај.

Тој истакнал дека е пресреќен поради тоа што го направиле членовите на фолклорната група „Арбреш”, чии што лидер е самиот тој.

– Јас сум Албанец, а Господ нам ни ги дал овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...