За Јанева ќе се решава тајно

347

Седницата на која ќе се разгледува Извештајот за разрешувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде затворен за јавноста, одлучи собраниската Комисија за избори и именувања.

– Седницата ќе биде затворена затоа што станува збор за класифициран материјал иако јас сметам дека за извештајот од Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева треба да се расправа на отворена седница – изјави претседателот на комисијата, пратеникот Илија Димовски.

Димовски информира дека од 13 членови на комисијата 10 имаат безбедносен сертификат кој е неопходен за да можат да се разгледуваат класифицирани материјали. Но, додаде дека има и 13 заменици од кои исто така 10 имаат безбедносен сертификат. Материјалот ќе можат да го видат само членовите со безбедносен сертификат, на одредено време и во просторијата во која се одржува седницата, по што би се отворила расправата.

Според процедурата, примероци од Извештајот ќе им бидат поделени на сите членови на комисијата, тие ќе го разгледаат, па потоа ќе гласаат. Предлогот за разрешување на Јанева ќе се донесе со просто мнозинство, а конечната одлука ќе ја донесат пратениците на пленарна седница, која треба да ја закаже претседателот на Собранието Талат Џафери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...