Поранешниот градоначалник на Карпош утрово е приведен, а во моментов веќе е изведен на распит пред судија на претходна постапка во рамки на нова истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Покрај него, приведени се уште двајца вработени во општина Карпош. За сите тројца ќе се бара притвор.
Обвинителстото сомничи уште пет лица, неофицијално меѓу нив и бизнисмени од градежниот сектор.
Ова не е прво приведување на Јакимовски, тој беше приведуван и лани летото во истрага на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош, а му беа определени мерки на претпазливост односно одземање на пасош.
Инаку, тој е осомничен и во истрагата „Хармонија“ на СЈО, заедно со Никола Груевски и Миле Јанакиески за продажба на градежно земјиште на Приватен меѓународен балкански универзитет Скопје.