За ЦИА Цеца е терорист, веќе 17 години е непожелна

Медиумите објавија кон крајот на минатата година дека забраната е укината, дури и беше најавена турнеја во САД.

4064

Покрај политичарите, воените и полициските генерали и трговците со оружје, Американците во својата татковина не сакаат да ги видат најбараните српски пејачи, меѓу кои е и Светлана Ражнатовиќ, која со години нема Зелен картa за влез во Америка, пишува српски „Ало“.

Ражнатовиќ е на листата на забранети уште од 2003 година, кога беше уапсена за време на акцијата „Сабја“. Како што пишуваа медиумите, во амбасадата во Америка е регистрирана под шифрата 410, која означува „тероризам и терористички групи“. Медиумите објавија кон крајот на минатата година дека забраната е укината, дури и беше најавена турнеја во САД.

Меѓутоа, американската амбасада овие информации ниту ги потврди ниту ги демантираше, наведувајќу дека не коментираат поединечни издавања на визи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...