Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија Евран Фуере смета дека бегството на Груевски било помогнат од Унгарија.
– Јасно е дека имаше соработка со Унгарија, нема сомнеж за тоа. Имаше толку многу предупредувачки знаци пред неговото бегство, што е неверојатно што никој не внимаваше. Ова навистина остава лоша дамка врз безбедносните и полициските сили како и врз Владата што го пуштија да побегне така. Тој е осуден криминалец. Веројатно никогаш нема да дознаеме, но многу е негативна улогата на Унгарија што му даде азил, додека забрануваат влез на мигрантите – вели Фуере во интервју за МИА.