За убиство уапсен популарен мигрант на Инстаграм во Шведска, бившите сведочат дека ги малтретирал

633
ФОТО: Принтскрин

Мигрант кој имал повеќе од 100.000 следбеници на Инстаграм е осуден на 18 години затвор поради убиство на бившата девојка во Шведска, како и за злосторствата кои ги извршил врз други девојки со кои бил во врска.

Дваесет и три годишниот Абе Блателито, чие вистинско име е Абе Алсади, ја мачел убиената, ја претепал, па и инјектирал голема доза на аналгетици трамадоли во вратот, по што таа се удавила во кадата.

Според зборовите на обвинителот, Алсади се обидел да го прикрие убиството „со помош на запалени свеќи и јагоди“.

Наводно, тој ја убил девојката бидејќи можел да му се уништи имиџот на богато и популарно момче, ако таа го пријавела во полиција за напад.

Тој бил пријавен од повеќе девојки со кои се забавувал. Една од нив, 24-годишната Малин, кажала дека тој повеќе пати ја мачел и се обидувал да ја задави. Понекогаш мислела дека ќе умре. Ја нарекувал со доста погрдни зборови.

Друга жртва, 21-годишната Каролин Карлсон, открила дека Алсади јавно ја понижил со тоа што ја полил со разни пијалоци, па видеото го објавил на Снепчет. Поради ова, како што изјавила таа, долго не можела да излезе во јавност.

– Повеќе не им верувам на момчињата, тешко ми е да бидам во нивна близина – признала таа.

Сите профили на Алсади на социјалните мрежи повеќе ги нема, само на неговиот Јутјуб канал останале видеа на кои се гледа како тој вози или дивее со возилото во Стокхолм.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...