Премиерот на Македонија, Зоран Заев, ќе присуствува на утрешното отворање на јужниот крак на автопатот на Коридор 10 низ Србија, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Милам дека пристигнувањето на Заев е важна вест и го покажува значењето на Коридорот 10 – истакна Вучиќ во утринската програма на РТС, додавајќи дека од Белград до Македонија сега ќе се стигнува за три часа.
Тој потсети дека на делницата на автопатот преку Грделичка клисура од 26,3 километри, претходеше отворањето на делницата од Грабовница до Грделица од 5,6 километри, потоа Владичин Хан-Врање од 28 километри, Левосоје-Српска куќа од 10 километри.
– Тоа беа најтешки делници. Тоа сега изгледа величенствено, но кога работите вредно и посветено, резултатите се евидентни – нагласи Вучиќ.