Специјализиран тим на турската полиција во текот на три години спречил 645 самоубиства од мостовите над Босфор, јави агенцијата Анадолија.
Во 2015 година Истанбулската дирекција за безбедност формираше „тим за преговори”, кој е одговорен за спречување на обидите за самоубиства од мостовите над Босфор – „Мостот на мачениците од 15 јули”, „Фатих Султан Мехмед” и „Јавуз Султан Селим “.
Дваесет и четворица полицајци во екипата добиле посебна подготовка по психологија, кризна комуникација, техники за убедување, јазик на телото и контрола на гневот.
Мехмед Али Демир, кој е член на тимот, вели дека нивната прва цел е да го запознаат човекот кој планира да се самоубие. Друг член на тимот – Саадетин Чакир раскажа дека момче, кого спасиле пред години, дошол кај него со диплома од универзитет и му се заблагодарил.
ФОТО: EPA/ERDEM SAHIN