Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека бездомните луѓе кои спијат на улиците од богатите градови во САД го уништуваат „престижот“, пренесува „Метро“.
Според него, овие лица живеат на „нашите најдобри автопати, нашите најдобри улици, нашите најдобри влезови во згради“.
Трамп додаде:
– Луѓето во овие згради плаќаат огромни даноци каде што тие отишле на локациите поради престижот.
Според него, градовите, вклучувајќи го и Сан Франциско, ќе се „уништат самите себе“ ако не се справат со оваа криза. Тој ги обвини имигрантите дека го влошуваат овој проблем.
– Во многу градови тие доаѓаат од други земји и се селат во Лос Анџелес или во Сан Франциско поради престижот на градот, па одеднаш имаат шатори. Илјадници и илјадници шатори и лица живеат во влезот на работни згради. И тие сакаат да си заминат. На луѓето од Сан Франциско им е доста, исто како што и на луѓето од Лос Анџелес. Ние го разгледуваме ова, ќе направиме нешто во врска со тоа – рече Трамп.
ФОТО: EPA / JIM LO SCALZO