За „Твој став, твое право“ на ДИК не важи референдумскиот молк

226

Кампањата „Твој став, твое право“ како кампања од јавен интерес не спаѓа во јавната пропаганда за референдумот и истата може да се емитува и во петок, 28 септември и сабота, 29 септември, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Ве известуваме дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги испрати известување до сите радиодифузери, во кое им посочи дека едукативната и информативна медиумска кампања „Твој став, твое право“ на Државната изборна комисија не се смета за платена јавна пропаганда за Референдумот и од тие причини можат да ја емитуваат и во деновите на референдумот, се вели во одговорот на АВМУ на барањето на Државната изборна комисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...