Лидерот на ДПА Мендух Тачи е на ставот дека претседателскиот кандидат Стево Пендаровски не е заеднички, консензуален кандидат.
– Тој е кандидат на Владата. Консензуален кандидат ќе биде претседателот на Македонија кога ќе се избере претседател Албанец. Да ги оставиме настрана зафрканциите. Консензус, е збор кога ти на на малцинството му даваш едно право – изјави Тачи во емисијата Клик плус на ТВ 21.
ДПА ја поддржа кандидатурата на Пендаровски.
Тачи и пред официјализацијата на одлуката зад Пендаровски да застанат СДСМ, коалицијата и владините партнери ДУИ, ДПА и Алтернатива, изјави дека добро би било да се поддржи кандидат на Владата за шеф на државата.