За скијачите нови половина метар снег на планините

397

И во наредните денови времето ќе биде студено, со обилни врнежи од снег, повеќе во западните делови од земјата. Денеска е сончево, со мала до умерена облачност, а ноќеска се очекува зголемување на облачноста, ќе дува и умерен ветер од југозападен правец. Максималните температури денеска ќе достигнат од минус 8 до 2 степени Целзиусови, а во Скопје до минус 1 степен – прогнозира Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР. 

Утре минималните температури ќе се спуштат од минус 10 до минус 3, а максималните ќе бидат од минус 5 до 2 степени.

– Од утре и задутре ќе бидеме под влијание на влажен и студен бран, со нови и обилни врнежи од снег, особено во западните делови и со нова снежна покривка од 10 до 30 центиметри во пониските места, додека на планините ќе наврне и над половина метар снег. Поради ниските температури, можна е појава на голомразица – вели Танушевска.  

Снежната покривка во Македонија е највисока во Маврови Анови каде се измерени 66 центиметри. Во Крушево има 27 центиметри снег, 23 се измерени во Тополчани, 21 во Битола, 14 Попова Шапка и 11 центиметри во Лазарополе и Пожаране.

Во наредните денови нѐ очекува стабилно и суво време со ниски температури, а по котлините ќе има и услови за магла. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...