За сите кои купуваат нов стан – постои ли опција со гарантиран квалитет, поглед кон Водно и зеленило? (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Најчесто барани се две конкретни опции – оние од 48 м2 со дневна, спална, кујна и трпезарија, како и оние од 59 м2 со две спални соби и два тоалета.

1279

Будејќи се наутро со непречен поглед кон Водно, уживате во првото кафе. Oтворените зелени површини околу вас ве прават задоволни затоа што ја донесовте одлуката на вашиот живот. Одлуката да влезете во својот нов дом.

Подолго време најпознатите градежници кај нас, Golden Art, работат под мотото „Дом. Не само стан“. Најново во нивната понуда е комплексот Urban Garden, сместен на булеварот 3-та Македонска бригада, булевар кој ве поврзува со центарот на Скопје за само неколку минути. Нешто што е предност во овој дел на Аеродром.

Внимателно испланиран, комплексот е наменет да ги задоволи потребите на урбаното живеење со станови од најразлични квадратури, почнувајќи од гарсоњери сѐ до трособни станови. Најчесто барани се две конкретни опции – оние од 48 м2 со дневна, спална, кујна и трпезарија, како и оние од 59 м2 со две спални соби и два тоалета.


Се работи за комплекс во Скопје кој е создаден да пружи уживање на своите станари, бидејќи е граден по уникатниот и докажан Golden Art систем за градба.

Агентите на Golden Art тимот стојат на располагање на броевите 071 и 075/ 225-888. Закажете состанок и уверете се на лице место во мотото на Goden Art – Дом. Не само стан.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...