За синот на пратеничката Стојчевска и сестрата на министерот Адеми, ЕЛЕМ ќе одлучува по наодите на Антикорупциска

1078

АД ЕСМ ќе постапи по насоките на Антикорупциската комисија и заеднички со Владата и Надзорниот одбор ќе ги утврдат конкретните чекори. Од соопштението на ЕСМ не може да се заклучи дали и кои од посочените лица вработени со роднински врски на функционерите ќе летаат од работа. Ни дали генералниот директор на ЕСМ ќе понесе одговорност за вработувањето на сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, Хидоете Алили.

Антикорупциска вчера изрази сомнежи за влијание при вработување на синот на пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, во ЕЛЕМ, Виктот Стојчевски.

– Во текот на вчерашниот ден од јавниот настап на Комисијата за спречување на корупцијата се информираше за последните наоди на комисијата во врска со случаите на вработување во одредени институции, кои беа предмет на проверка. Како општествено одговорна компанија АД ЕСМ сака да посочи дека ќе биде постапено согласно насоките и заклучоците на Државната комисија за спречување на корупцијата. По добивањето на официјалниот документ од Комисијата со нивните заклучоци и насоки, и по информирањето на Владата и на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, заеднички ќе бидат утврдени понатамошните конкретни чекори. Како и досега во врска со наведениот случај, така и за постапките кои следуваат, јавноста ќе биде навремено известена од наша страна, стои во соопштението на АД ЕСМ.

Според влерашната седница Антикорупциска за одговорност на генералниот директор на ЕЛЕМ во случајот со вработувањето на сестрата на министерот за култура Асаф Адеми, Хидоете Алили. Освен што немало записник од бодирањето и соодветното рангирање, утврдено е дека било креирано ново работно место пред распишување на огласот за вработување. Од Антикорупциска се бара ЕЛЕМ да ја извести Владата, а надзорниот одбор да ја преиспита постапката на вработување.

Пратеничката Стојчевска денеска не одговараше на телефонските повици и пораки дали ќе му укаже на синот да се повлече од работното место, ни дали таа чувствува одговорност.

Иако се обидовме, одговор не добивме ни од министерот за култура Асаф Адеми.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...