За сексуално злоставување, Пласидо Доминго обвинет од деветмина

Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а кога бил одбиен „тој професионално ги казнувал“.

776
ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Осум оперски певици и еден танчер го обвинија шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго за сексуално злоставување.

Тие тврдат дека во 80-тите години од минатиот век биле уценувани од Доминго да имаат сексуални односи со него во замена за улоги, а кога бил одбиен „тој професионално ги казнувал“.

Само оперската певица Патриша Улф јавно истапи, додека другите побараа да останат анонимни.

Доминго ги отфрла обвинувањата истакнувајќи дека го обвинуваат за нешто од пред 30 години.

– Ме боли да слушнам дека некого сум вознемирил или се чувствувал непријатно, без оглед колку долго помина, и покрај моите најдобри намери – истакна Доминго.

Тој исто така посочи дека сфаќа оти „правилата и стандардите според кои денес сме оценувани се различни од оние што постоеле порано“.

ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...