НЛБ Банка со цел да ја подигне свеста за заштитата на природата и да ги истакне придобивките од здрава животна средина, организира кампања „NLB Think Green“.
Во рамките на кампањата NLB Think Green, организирани се и планирани се повеќе општествено одговорни активности со цел ангажирање на клиентите и граѓаните да размислуваат зелено и да се вклучат во активности за здрава и зелена животна средина.
Првата акција од кампањата NLB Think Green, Банката ја почнува денеска со поттикнување на своите клиенти да го променат начинот на достава на фактурите и наместо на хартија, да ги добиваат во електронска форма.
За секоја промена на хартиена фактура во електронска фактура, НЛБ Банка ќе донира по 10 денари. Поддршката ќе биде наменета за заштита на националните паркови во државата, со што првите собрани средства од оваа акција ќе бидат наменети за Националниот парк Маврово.
Клиентите ќе можат да го променат начинот на достава на фактурите во најблиската експозитура на Банката, преку НЛБ Контакт центарот на телефонскиот број 02/15-600, како и преку останатите дигитални канали на Банката.