За свинштината

И новото парламентарно мнозинство неодамна им додели едно чудо пари од буџетот, отприлика - колку за едните, толку за другите, колку за прогрес, толку за национализам и бандитизам (Закон за финансирање на партиите). Да, кога се работи за пари, одеднаш покажуваат дека можат да бидат многу хармонични и едните и другите и третите.

1467

Мислат дека на омразата и навредите не може да се одговори на истиот начин. Мислат дека нема доволно интелигентни и дрски луѓе што знаат да смислат одговори што болат. Слушам дека по социјалните медиуми повторно ме прозивало едно човеколико гомно. Инаку, ми должи пари, изгубени на суд. Не сум видел за што се работи, ми го кажа тоа еден човек што го сретнав на терасата од кафулето каде што пишувам, кој тврди дека на времето му дал пари на заем, ама никогаш не му ги вратил. Во меѓувреме, гнасата заминала в затвор поради измама. Ете, тој е лидер на една лумпен банда што сее пцости, навреди и омраза во јавниот простор.

Не ги личи. Луѓе-нелуѓе. Напукале под 50-60 години и пцујат по Фејсбук, скандалозно неписмени, а тврдат дека така го бранат македонскиот идентитет. А бе, ајде, одете по ѓаволите, глупаци и простаци!

Мислат дека немам коментар за нивниот изглед од кој блика колосална глупост и тапост. Мислат дека не би можел да искоментирам за нивниот речник или да им возвратам со навреди што знаат да заболат до коска. Всушност, овие глуперди се бранат со мојата пристојност, јас сум им штит.

Моето одбивање да се спуштам на нивното ниво, во мочуриштето во кое се наоѓаат нивните мртви души и мали мозочиња, го користат за да продолжат со своето криминално однесување. Се чувствуваат силни затоа што институциите решија да ги галат и да ги „трансформираат“ преку преговори, толеранција и благонаклоност, наместо со силата на законот. Јас не сум преземал обврска да ги „галам“. Имаше време кога ги жалев и наоѓав разбирање за нив, но тоа е минато.

Добро гледам дека се искомплексирани и исфрустрирани, точно можам да утврдам дека имаат сериозни сексуални проблеми, сѐ ми е јасно. За интелигенцијата и да не говориме. Ги гледам како се разобличуваат самите себе си, бедни, платени со ситните пари на Фамилијата и на руските агентури чие присуство е толку очигледно.

И новото парламентарно мнозинство неодамна им додели едно чудо пари од буџетот, отприлика – колку за едните, толку за другите, колку за прогрес, толку за национализам и бандитизам (Закон за финансирање на партиите). Да, кога се работи за пари, одеднаш покажуваат дека можат да бидат многу хармонични и едните и другите и третите. Нема доволно само за малите, ама ним не им е тешко да бидат леви сметала и приврзочиња. Да не може човек да се изначуди.

Да се вратам на гомнарите по one-man show порталите и социјалните мрежи. Треба да знаат дека секоја свињарија од коментар, всушност, си ја кажуваат себе си и на своите најблиски. И дека за секој грд збор има уште една планина од изрази и зборови што ним и на нивните шефови нема шанси да им текнат. И дека им се возвратени. Не заслужуваат поединечни одговори, бидејќи тоа што го пишуваат е умножена плитка и глупава кампања, толку глупава што да се каже дека е црна е незаслужена квалификација.

И сѐ е лага и манипулација, неуспешен обид да го одвлечат вниманието од сопствената интелектуална и политичка мизерија. Свинштина. И полошо. Треба да им се извинам на свињите што ги употребувам за да направам споредби и опис на овие суштества за кои и измет е комплимент.

И сето ова, бидете уверени, го пишувам без нервоза. Затоа што често само им се смеам, а најчесто се гадам од нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...