Од утре, вторник до недела во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии 100 и 200 кои ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Автобусите на линијата 100 ќе сообраќа од Ново Лисиче а автобусите со број 200 ќе возат од Дексион.
И двете линии се воведуваат по барање на Скопски саем, за полесен пристап на посетителите на „Саем на мебел 2018 “.
Возен ред 100 (Ново Лисиче-СЦ „Борис Трајковски“)
Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 16.00 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.
Траса на движење: ул. „Февруарски поход“, бул. „В.С.Бато“, бул. „Јане Сандански“, бул. „К.Ј.Питу“, бул. „Кочо Рацин“, ул. „11-ти Октомври“, ул. „Димитрие Чуповски“, бул. „Св. Климент Охридски“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.
Возен ред 200 (Дексион-СЦ „Борис Трајковски“)
Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.
Траса на движење: ул. „Црногорска“, ул. „Кузман Шапкарев“, ул. „Ѓорче Петров“, бул. „Партизански одреди“, ул. „Бледски договор“, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.