За родителите на децата со аутизам, по соочувањето со дијагнозата, најтешко е чувството на отфрленост

Моментот на соочувањето со дијагноза за која однапред има пресуда дека е трајна и неизлечива е страшен потрес за секое семејство, а немањето поддршка од системот и чувството дека сте оставени сами, е поразувачко. Вака вели Игор Угриновски, психолог и претседател на Здружението на граѓани „Работилница“ кое деновиве ги отвори вратите на својот центар за неформална едукација за деца со аутизам и други потешкотии во развојот, и самиот родител на дете со аутизам

370
Дете/аутизам/Работилница

„Работилница“ е центар за неформална едукација за деца со аутизам и други потешкотии во развојот и токму деновиве почнува со работа. Зад овој проект стојат психологот Игор Угриновски и неговата сопруга Соња, и самите родители на дете со аутизам.

Овој едукативен центар е замислен како место кадешто со децата, по еден или два часа на ден ќе работат психолог, дефектолог и други стручни лица на теми и области што ќе ги договараат со родителите. Целта е да им се помогне на овие деца да ги развијат неопходните вештини да се грижат за себе и да водат што посамостоен живот.

Токму „Работилница“ беше повод да поразговараме со Угриновски на оваа тема.

Интервјуто можете да го прочитате на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...