Собранието со 69 гласа „за“ го донесе Законот за ратификација на Договорот со Грција во трето читање, а во отсуство на опозицијата.
Гласањето за Договорот беше спроведено согласно Уставот, затоа што претседателот Ѓорге Иванов одби претходно да го потпише указот.
На денешната седница присуствуваа 70 пратеници. Пратеникот Ферид Мухиќ беше воздржан.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му порча на претседателот Иванов дека сега е должен да потпише.