За разлика од нас, скопјани не живееја во пештери

Патот беше тежок. Не се снаоѓавме меѓу сите тие манири на чисти улици, опера во секој дом, првпат видовме библиотека и книга, дури третата генерација научи дека тие не се за оган правење, туку за читање.

4633

Уште ги памтам зборовите на дедо ми, седнат под врбата во едно далечно село, каде шо немаше струја, вода, интернет, телевизија, календар и живеевме во пештери правејќи оган од два камења.

Од пазуви извади карта, стара со векови. Ми рече: „Внучко, оваа карта ја чуваме со генерации, сите во пештерите имаат по една. Јас сум стар и нема да дочекам, но земи ја ти!”.

Ја погледнав картата. „Но дедо, кога ќе сум спремен?”.

„Ќе знаеш внучко, водачот ќе пушти димен сигнал”.

Се разбира ова не беше така, пошто тогаш уште во провинција немаше јазик и се разбиравме воглавно со лаење. И дојде тој ден! Димниот сигнал означи!

„Одиме сите во Скопје!”.

Патот беше тежок. Не се снаоѓавме меѓу сите тие манири на чисти улици, опера во секој дом, првпат видовме библиотека и книга, дури третата генерација научи дека тие не се за оган правење, туку за читање. За разлика од дома, тука луѓето не живееја во пештери. И одеа на две нозе!

Набрзо почнавме и ние ко нив. Окупацијата беше успешна. Остана само уште мал дел независна авангарда од старо Скопје која се бори против нас. Ќе ги совладаме. Веќе почнаа да не пуштаат да влегуваме во МКЦ без опинци. Патот до тотална окупација е отворен!

(ФЕЈСБУК СТАТУС НА АВТОРОТ)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...