За присилна стерилизација на сиромашни луѓе, обвинет поранешниот претседател на Перу

204
ФОТО: МИА

Поранешниот претседател на Перу Алберто Фуџимори и тројца министри за здравство од неговата администрација обвинети се за присилна стерилизација на 2.116 луѓе, соопшти здружение за правата на жените.

Дуџимори, кој издржува 25-годишна затворска казна, е обвинет дека во периодот од 1996 до 2000 година, биле стерилизирани 272.028 жени и 22.004 мажи, од кои во 2.166 случаи постапката е извршена без согласност на оштетените или без да им бидат дадени соодветни информации. Станува збор за припадници на сиромашната заедница Кечуа.

Истрагата, која се води веќе 14 години, е утврден и најмалку еден случај во постапката за стерилизација завршила со смрт и неколку случаи кои резултирале со штетни последици по здравјето.

Покрај Фуџимори, обвинети се и поранешните министри Марино Коста, Едуардо Јонг и Алехандро Агуинага.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...