За претседател на САД ќе се кандидира и демократот О’ Рурк

66
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH
Поранешниот конгресмен од Демократската партија во САД, Роберт (Бето) О’Рурк објави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во САД во 2020 година.
Демократот вчера испрати порака до локалниот телевизиски канал во Тексас, Ти-Ес-Ем, во која ја потврди веста дека ќе се бори за претседателската номинација на Демократската партија.
О’Рурк не беше многу познат надвор од неговиот роден град Ел Пасо пред изборите минатата година кога се соочи со сенаторот Тед Круз од Републиканската партија. Нему му недостигаа само три отсто од гласовите за да го порази Круз во држава која традиционално ги поддржува републиканците.
ФОТО: EPA / LARRY W. SMITH
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...